


Живеела едно време една стара коза со своите седум мали јариња. Таа ги сакала така, како секоја мајка што ги сака своите деца. Еден ден козата одлучила да отиде во шумата по храна, ги повикала седумте јариња кај себе и им рекла:
- Мили деца, јас ќе одам во шумата, пазете се од лошиот волк- ако влезе во куќичката, ќе ве лапне целите, со се рогчиња и копитца. Тој е многу итар, но ќе го препознаете по грубиот глас и црните шепи. Јарињата рекле: - Мила мамичке, ние
ќе се чуваме, оди и не се грижи.
Не поминало долго време и ете го волкот затропал на вратата на куќа и свикал:
- Отворете мили деца, јас сум вашата мајчица! Донесов за секого по нешто. Но зарипнатиот глас го издал, јарињата го познале волкот.
- Нема да отвориме - одговориле тие, - ти не си нашата мајчица, таа има нежен и мил глас, а твојот е груб. Ти си волкот. Волкот отишол во блиската бакалница и си купил големо парче креда. Ја изел кредата и неговиот глас омекнал како на мајката коза.


Се вратил волкот повторно кај јарињата, тропнал на вратата и викнал: - Отворете мили деца, јас сум вашата мајчица и сум донесла за секого по нешто. Мекиот глас за малку ќе ги измамел малите јариња. Тогаш најмалото јаре се досетило и побарало од волкот да ја покаже шепата на прозорецот. Шепата на волкот била црна и груба. Малите јариња ја виделе шепата и рекле: - Нема да отвориме, нашата мајчица нема црни шепи како тебе. Ти си волкот.Тогаш волкот пошол до блиската мелница и му се заканил на мелничарот дека ќе го изеде
ако не му ја направи шепата со тесто.
Грдиот ѕвер по трет пат се најде пред вратата на малите јариња. Тропна и им рече:
- Отворете деца, вашата мила мајчица се врати дома и му носи на секого по нешто од шумата. Јарињата викна:
- Покажи ја прво шепата, да видиме дали си нашата мајчица. Волкот ја мушнал шепата низ прозорецот и кога виделе дека е бела, поверувале дека тоа е нивната мајка и ја отвориле вратата.

Но тогаш во собата се втурнал волкот и почнал да ги брка јарињата. Малите јариња пробале да се скријат првото се мушнало под маса, второто - во креветот, третото - во шпоретот, четвртото - во кујната, петтото - во орманот, шестото - под мијалникот, а седмото - во кутијата на големиот ѕиден часовник.
Но волкот ги открил сите и едно по едно ги лапнал.

Не проверил само во ѕидниот часовник каде се скрило најмалото јаренце. Бидејќи си го задоволил својот гладен и лаком стомак, волкот се затетеравил надвор, легнал под едно дрво на зелената полјана и заспал.

За кратко време мајката коза се врати од шумата. Ах, каква глетка се открила само пред нејзините очи! Вратата била широко отворена; масата, столовите и клупата биле растурени, а мијалникот бил издробен на парчиња. Прекривката и перничињата биле симнати од креветот.
Козата ги побарала своите деца, но не ги пронашла никаде. Ги викаше едно по едно по нивните имиња но од никаде не се слушаше нивниот глас.

Конечно, кога се доближала до ѕидниот часовник го слушнала танкото и исплашено гласче на најмалото јаренце: - Мила мамо, јас сум во големиот часовник. Таа го извадила од таму а тоа и раскажа како волкот дошол и ги изел другите шест јариња. Можете да си замислите, како заплака мајката коза за своите дечиња.

- Full access to our public library
- Save favorite books
- Interact with authors



Живеела едно време една стара коза со своите седум мали јариња. Таа ги сакала така, како секоја мајка што ги сака своите деца. Еден ден козата одлучила да отиде во шумата по храна, ги повикала седумте јариња кај себе и им рекла:
- Мили деца, јас ќе одам во шумата, пазете се од лошиот волк- ако влезе во куќичката, ќе ве лапне целите, со се рогчиња и копитца. Тој е многу итар, но ќе го препознаете по грубиот глас и црните шепи. Јарињата рекле: - Мила мамичке, ние
ќе се чуваме, оди и не се грижи.
- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(3)
-
COMMENT()
-
SHARE
-
SAVE
-
BUY THIS BOOK
(from $5.19+) -
BUY THIS BOOK
(from $5.19+) - DOWNLOAD
- LIKE (3)
- COMMENT ()
- SHARE
- SAVE
- Report
-
BUY
-
LIKE(3)
-
COMMENT()
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem
COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!