Збирка ослободени задачи од меѓународната студија ПИРЛС

Еден ден, еден селанец излегол надвор да го бара изгубеното теле. Претходната вечер говедарите се вратиле без него. А, таа ноќ, имало страшна бура. Тој отишол во долината и барал покрај речното корито, меѓу трските, зад карпите и во надојдената вода.
Се искачил на стрмнините на високата планина со карпести гребени. Погледнал зад една голема карпа, случајно телето да не се стуткало тука за да се засолни од бурата. И токму таму запрел. Таму, на работ од карпата, имало најнеобична глетка. Орлово пиле, кое излегло од своето јајце ден-два претходно, страшната бура го оддувала од неговото гнездо.

Селанецот посегнал и го дофатил пилето со двете раце. Сакал да го однесе дома и да се грижи за него. Бил речиси дома кога децата истрчале да го пречекаат. „Телето само се врати!“ извикале тие.
Селанецот бил многу задоволен. Му го покажал орлето на семејството, а потоа внимателно го сместил во кокошарникот меѓу кокошките и пилињата. „Орелот е кралот на птиците“, рекол тој, „но ние ќе го научиме да биде кокошка“. И така, орлето живеело меѓу кокошките учејќи ги нивните навики. Како што растело, тоа почнало да изгледа сосема различно од која било кокошка што некогаш била видена.

Еден ден, еден пријател им дошол во посета. Пријателот ја здогледал птицата меѓу кокошките. „Еј! Тоа не е кокошка. Тоа е орел!“
Селанецот му се насмеал и рекол „Се разбира дека е кокошка. Погледни – оди како кокошка, јаде како кокошка. Размислува како кокошка. Се разбира дека е кокошка.“ Но, пријателот не бил убеден. „Ќе ти покажам дека тоа е орел“, рекол.




Децата на селанецот му помогнале на пријателот да ја фати птицата. Била мошне тешка, но пријателот на селанецот ја подигнал над својата глава и рекол: „Ти не си кокошка туку орел. Ти не припаѓаш на земјата, туку на небото. -Летај, орле, летај!“
Птицата ги раширила своите крилја, погледнала наоколу, ги видела кокошките како јадат и скокнала долу да колве храна со нив. „Ти реков дека е кокошка“, рекол селанецот и громогласно се насмеал.



Многу рано следното наутро, кучињата на селанецот почнале да лаат. Во темнината се слушал глас што довикува. Селанецот истрчал до вратата. Тоа повторно бил неговиот пријател. „Дај ми уште една шанса со птицата“, молел тој.
„Знаеш ли колку е часот? Има уште многу до зората.“
„Дојди со мене. Земи ја птицата.“
Селанецот неволно ја зел птицата која цврсто спиела меѓу кокошките. Двајцата мажи заминале заедно, исчезнувајќи во темнината.

„Каде одиме?“ сонливо прашал селанецот.
„На планините каде што ја најде птицата.“
„А зошто во оваа чудно време од ноќта?“
„За да може нашиот орел да го види сонцето како изгрева над планината
и да го следи на небото каде што припаѓа.“
Тие отишле во долината и ја минале реката, а пријателот водел по патот. „Побрзај“, рекол тој, „зората ќе пристигне пред нас.“
Првата светлина се разлеала по небото кога почнале да се качуваат на планината. Снопчестите облаци на небото прво биле розови, а потоа почнале да блескаат со златен сјај. Понекогаш нивната патека била опасна бидејќи поминувала покрај работ на планината, преку тесни карпести гребени, внесувајќи ги во темни пукнатини и повторно надвор од нив. Конечно, тој рекол: „Овде е добро.“ Погледнал надолу од гребенот и го видел тлото стотици метри удолу. Биле многу блиску до врвот. Внимателно, пријателот ја донел птицата до работ. Ја наместил да гледа кон исток и почнал да ѝ зборува. Селанецот се кикотел. „Птицата зборува само кокошкин јазик.“
Но пријателот продолжил да зборува, да ѝ раскажува на птицата за сонцето, како тоа му дава живот на светот и како тоа владее со небесниот свод, давајќи му светлина на секој нов ден. „Погледни во сонцето, орлу. И, кога тоа ќе крене, крени се и ти со него. Ти му припаѓаш на небото, а не на земјата.“ Во тој миг првите сончеви зраци се распрснале над планината и, одеднаш, светот бил облеан со светлина.
- Full access to our public library
- Save favorite books
- Interact with authors
Збирка ослободени задачи од меѓународната студија ПИРЛС

Еден ден, еден селанец излегол надвор да го бара изгубеното теле. Претходната вечер говедарите се вратиле без него. А, таа ноќ, имало страшна бура. Тој отишол во долината и барал покрај речното корито, меѓу трските, зад карпите и во надојдената вода.
Се искачил на стрмнините на високата планина со карпести гребени. Погледнал зад една голема карпа, случајно телето да не се стуткало тука за да се засолни од бурата. И токму таму запрел. Таму, на работ од карпата, имало најнеобична глетка. Орлово пиле, кое излегло од своето јајце ден-два претходно, страшната бура го оддувала од неговото гнездо.

Селанецот посегнал и го дофатил пилето со двете раце. Сакал да го однесе дома и да се грижи за него. Бил речиси дома кога децата истрчале да го пречекаат. „Телето само се врати!“ извикале тие.
Селанецот бил многу задоволен. Му го покажал орлето на семејството, а потоа внимателно го сместил во кокошарникот меѓу кокошките и пилињата. „Орелот е кралот на птиците“, рекол тој, „но ние ќе го научиме да биде кокошка“. И така, орлето живеело меѓу кокошките учејќи ги нивните навики. Како што растело, тоа почнало да изгледа сосема различно од која било кокошка што некогаш била видена.

Еден ден, еден пријател им дошол во посета. Пријателот ја здогледал птицата меѓу кокошките. „Еј! Тоа не е кокошка. Тоа е орел!“
Селанецот му се насмеал и рекол „Се разбира дека е кокошка. Погледни – оди како кокошка, јаде како кокошка. Размислува како кокошка. Се разбира дека е кокошка.“ Но, пријателот не бил убеден. „Ќе ти покажам дека тоа е орел“, рекол.




- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(2)
-
COMMENT()
-
SHARE
-
SAVE
-
BUY THIS BOOK
(from $2.99+) -
BUY THIS BOOK
(from $2.99+) - DOWNLOAD
- LIKE (2)
- COMMENT ()
- SHARE
- SAVE
- Report
-
BUY
-
LIKE(2)
-
COMMENT()
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem
COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!