
Моето име е Ангел и возбуден сум што ќе ве одведам на патување низ некои од најнезаборавните настани од моето детство.
Искрено се надевам дека овие приказни ќе
допрат до вашите срца и ќе ви донесат
насмевка на лицето.
Дали сте подготвени? Да почнеме!


КОГА ДЕДО МИ ПЛЕТЕШЕ ЕЛЕК!
Најпрво да ви кажам дека мојот дедо Мичо најубаво плете. Тој на сите дома – на мама, на тато, на бато, на баба, на чичо, па дури и на сите наши пријатели, ни има сплетено по нешто. На некого капа, на некого шал, џемперчиња, блузи, ракавици и што уште не. Искрено да ви кажам, нема што нема направено од волница – вистински креатор е.
Но, јас сега ќе ви раскажам за една смешна случка кога мојот дедо Мичо плетеше елек.



Мојот дом се наоѓа покрај реката Драгор.
Сте слушнале за оваа река?
Таа извира од падините на Баба Планина и тече низ целиот наш град, Битола.
Живееме во куќа која не е многу голема, а ни многу мала, но има доволен простор за секој еден член од нашето семејство. Си имаме и дворче со градина, кое е омилено место на баба ми Милка. Имаме и маче и куче, кои се дел од нашето семејство.

Е сега ќе ви раскажам за случката.
Еден ден, дедо ми, седнат, плетеше елек за баба ми, за да не ѝ студи, затоа што таа е голема зиморливка. Си потпевнуваше, па ѝ вели на баба ми:
„Милкеееее, дуууушо... види каков елек сум ти сплетил. Дојди да го пробаш и ќе бидеш како манекенка! Ако ти е точен, можам да го завршам.“
Таа стана и го облече, целата радосна, ама не сака да каже, па му вели:
„Еееее, голема работа. Елек како елек, да топли само.“
„Ах, Милке, ах!“ – рече дедо ми, климајќи со главата,
и го зеде елекот назад.




- Full access to our public library
- Save favorite books
- Interact with authors

Моето име е Ангел и возбуден сум што ќе ве одведам на патување низ некои од најнезаборавните настани од моето детство.
Искрено се надевам дека овие приказни ќе
допрат до вашите срца и ќе ви донесат
насмевка на лицето.
Дали сте подготвени? Да почнеме!


КОГА ДЕДО МИ ПЛЕТЕШЕ ЕЛЕК!
Најпрво да ви кажам дека мојот дедо Мичо најубаво плете. Тој на сите дома – на мама, на тато, на бато, на баба, на чичо, па дури и на сите наши пријатели, ни има сплетено по нешто. На некого капа, на некого шал, џемперчиња, блузи, ракавици и што уште не. Искрено да ви кажам, нема што нема направено од волница – вистински креатор е.
Но, јас сега ќе ви раскажам за една смешна случка кога мојот дедо Мичо плетеше елек.



Мојот дом се наоѓа покрај реката Драгор.
Сте слушнале за оваа река?
Таа извира од падините на Баба Планина и тече низ целиот наш град, Битола.
Живееме во куќа која не е многу голема, а ни многу мала, но има доволен простор за секој еден член од нашето семејство. Си имаме и дворче со градина, кое е омилено место на баба ми Милка. Имаме и маче и куче, кои се дел од нашето семејство.

- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(5)
-
COMMENT(5)
-
SHARE
-
SAVE
-
BUY THIS BOOK
(from $2.99+) -
BUY THIS BOOK
(from $2.99+) - DOWNLOAD
- LIKE (5)
- COMMENT (5)
- SHARE
- SAVE
- Report
-
BUY
-
LIKE(5)
-
COMMENT(5)
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem
COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!