
This book was created and published on StoryJumper™
©2015 StoryJumper, Inc. All rights reserved.
Publish your own children's book:
www.storyjumper.com




Агрегатната состојба ја
претставува густината на
супстанцијата, во зависност
од температурата,
притисокот, големината на
честичките од кои е
изградена како и од
меѓумолекуларните сили.

При нормални надворешни услови
супстанциите ги среќаваме во три
агрегатни состојби: цврста, течна и
гасовита. (плазмата се смета за
четврта агрегатна состојба која
ретко се среќава на планетата
Земја). Агрегатните состојби на
телата при исти надворешни услови
зависат од релативната молекулска
маса, структурата на молекулите и
видот на меѓумолекуларни дејства
во супстанцијата.


Една иста супстанција при нормални
услови најчесто се наоѓа во една, а
може да се најде истовремено и во
две или три агрегатни состојби. На
пример, воздухот е само во гасовита
состојба, водата во течна и гасовита
состојба иако има случаи кога е и во
трите агрегатни состојби – мраз,
вода, пареа. Јонските супстанции при
собна температура се во цврста
агрегатна состојба, додека
ковалентните се среќаваат во сите
три агрегатни состојби.


Секојe тело со промена на
надворешните услови, може да
преминува од една во друга агрегатна
состојба.


Една агрегатна состојба значи само
една од фазите низ кои поминува
телото, а тие фази се:
- Премин од цврста во течна
агрегатна состојба е наречен топење.


- Премин од цврста во гасовита
агрегатна состојба е наречен
сублимација.


- Премин од течна во гасовита
агрегатна состојба е наречен
испарување.


- Премин од течна во цврста
агрегатна состојба е наречен
стврднување.


- Премин од гасовита во течна
агрегатна состојба е наречен
кондензација.


- Премин од гасовита во цврста
агрегатна состојба е наречен
ресублимација.


Цврста агрегатна состојба
Супстанциите во оваа агрегатна
состојба имаат и своја форма и свој
волумен. Некои од нив имаат
правилна внатрешна градба, а некои
немаат правилна внатрешна градба
иако имаат правилна надворешна
форма.

Цврстите супстанции со правилна
внатрешна градба се нарекуваат
кристали, а оние со неправилна
градба се нарекуваат аморфни
тела.



Аморфните тела се поретки од
кристалните, бавно течат па
велиме дека имаат особини од
течности и од цврстите тела.


Молекулите кај
цврстите тела
меѓусебно се
држат со Ван дер
Валсови сили или
со водородна
врска.

You've previewed 16 of 25 pages.
To read more:
Click Sign Up (Free)- Full access to our public library
- Save favorite books
- Interact with authors




This book was created and published on StoryJumper™
©2015 StoryJumper, Inc. All rights reserved.
Publish your own children's book:
www.storyjumper.com




Агрегатната состојба ја
претставува густината на
супстанцијата, во зависност
од температурата,
притисокот, големината на
честичките од кои е
изградена како и од
меѓумолекуларните сили.

При нормални надворешни услови
супстанциите ги среќаваме во три
агрегатни состојби: цврста, течна и
гасовита. (плазмата се смета за
четврта агрегатна состојба која
ретко се среќава на планетата
Земја). Агрегатните состојби на
телата при исти надворешни услови
зависат од релативната молекулска
маса, структурата на молекулите и
видот на меѓумолекуларни дејства
во супстанцијата.
- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(3)
-
COMMENT(1)
-
SHARE
-
SAVE
- DOWNLOAD
- LIKE (3)
- COMMENT (1)
- SHARE
- SAVE
- Report
-
LIKE(3)
-
COMMENT(1)
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem
COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!