
Општина Центар Скопје
Аида Петровска
This book was created and published on StoryJumper™
©2015 StoryJumper, Inc. All rights reserved.
Publish your own children's book:
www.storyjumper.com








Mесец октомври е месец за
управувањето со отпад, неговата
реупотреба, рециклирање,
селектирање, компостирање.

Во овој месец би било убаво да се
ослободиме од е-отпадот,
истрошените батерии, пластичниот
отпад, старата хартија, стариот
мебел и сите непотребни предмети
кои повеќе ни пречат, го нагрдуваат
опкружувањето и загадуваат.
Внимавајќи и грижејќи се за
отпадот ги отклонуваме негативните
ефекти врз животната средина и
здравјето на луѓето.



ОТПАДОЦИ ОД ХРАНА
За родендени и празници храната се
подготвува во големи количини и
најчесто одвај половина од тоа што е
сервирано ќе се изеде, а останатото
ќе заврши во кантите за отпадоци.


Од многу написи дознаваме дека во
Америка само во една година фрлаат
околу 34 милиони тони храна од која
само 3% се рециклирани односно
реупотребени, а останатите 33 милиони
тони завршуваат на депониите. Во
Европа годишно се фрлаат 89 милиони
тони храна, што е недозволиво. Денес
храната представува најголем процент
од цврстиот отпад, но не мора да е така.
Храната може да им се даде на оние на
кои им е потребна.


Во нашата земја постојат многу
народни кујни каде оваа храна може
најдобро да се искористи.



Може да се направи квалитетен
компост без хемиски додатоци.


Може да се искористи како
квалитетна храна за домашните
животни, ако немате животно -
вдомете .


Продолжете го рокот на траење на
храната преку преработка. На пример:
oмекнатите домати, не чекајте да
скапат, туку продолжете им го рокот
на траење, со тоа што ќе ги издинстате
и направите салца, како додаток на
други јадења.
Остарениот леб, потпечете го со
зеленчук или испржете го со јајца.
Од недојадениот ориз кој сте го
подготвиле како прилог за ручек,
може да подготвите вкусен нов оброк
со додавање зеленчук и зачини.




Сите знаеме дека отстојаните
сарми, подварок, грав и други
јадења се повкусни и можат да се
сочуваат за некој друг ден и да не
се фрлаат.


Зошто треба да компостираме?


Заштедуваме,
компостот е
квалитетно
органско ѓубриво
кое е потполно
бесплатно. Ја
штитиме
околината, со
компостирање
количината на
отпад кое
завршува на
депониите може да
се намали за
третина.
Заштедуваме,
компостот е
квалитетно
органско ѓубриво
кое е потполно
бесплатно. Ја
штитиме
околината, со
компостирање
количината на
отпад кое
завршува на
депониите може
да се намали за
третина.

Се намалува создавањето на метан
кој придонесува за создавање на
ефектот на стаклените градини,
односно придонесува за климатските
промени. Се намалува загадувањето
на подземните води со оние течности
кои се исцедуваат од одпадот.
Компостот ја подобрува структурата
на почвата и го спречува нејзиното
сушење. Компостот ја намалува
ерозијата на земјата.


Во Македонија не се врши
раздвојување на отпадот и целиот
отпад се носи на депониите. Со такво
однесување кон отпадот уништуваме
големи количини на секундарна
суровина, а неконтролираното
разградување на органскиот отпад
предизвикува многукратни штетни
последици. Со воведување на
едноставни мерки за сепарација и
повторно користење на секундарните
суровини, како и со компостирањето
на органскиот отпад многу ќе се
придонесе за зачувување на нашата
планета.



Процесот на
компостирање
овозможува
ефикасно кружење
на органската
материја,
намалување на
количините отпад
кои се носат на
депониите и
создавање на
природно ѓубриво
кое се користи во
одгледувањето на
поздрава храна.


Компостот ја збогатува
почвата со органски
материи, кои
представуваат храна за
живите организми, го
зголемува нејзиниот
квалитет и стабилноста.
Компостот ги храни
растенијата, овозможува
проветрување на
почвата, ја задржува
водата, ја намалува
ерозијата и овозможува
зголемен капацитет за
задржување на влагата.


Поради сето ова, компостот треба да
се применува секогаш кога е тоа
можно во овоштарниците,
градините, расадниците, парковите
и зелените површини.


Органски отпад –
биоотпад е
всушност
кујнскиот отпад.
Тој представува
1/3 од куќниот
отпад и е вредна
суровина за
производството
на квалитетен
биокомпост.
Органски отпад –
биоотпад е
всушност
кујнскиот отпад.
Тој представува
1/3 од куќниот
отпад и е вредна
суровина за
производството
на квалитетен
биокомпост.

За производството на органски компост –
биокомпост како суровина може да се
користат свежи и исушени остатоци од
овошје и зеленчук, лушпи од јајца, талог
од кафе, кесички од филтер чаеви,
овенато цвеке одгледано безпестициди,
слама, покосена трева пред цветање,
листови од дрва, хартија и картон кој не
е обоен со вештачки бои и кој не содржи
олово, отпад од производство на пиво или
вино итн. Колку е поразновиден составот
на материјалот,толку компостот е побогат
со хранливи материи.


При производството на биокомпост
не треба да се употребуваат
материјали кои не можат природно
да се разложат како што е
пластика, стакло, порцелан,
ковани предмети, бои, лакови,
машинско масло и слично.
При производството на биокомпост
не треба да се употребуваат
материјали кои не можат природно
да се разложат како што е
пластика, стакло, порцелан,
ковани предмети, бои, лакови,
машинско масло и слично.


Не треба да употребуваме заболени
растенија кои се нападнати од
штетници, кора од лимон, портокал,
банана, измет од луѓе, кучиња и
мачки, детергенти и други средства за
хигиена, расцветан плевел, лекови и
остатоци од пестициди.
Не треба да употребуваме заболени
растенија кои се нападнати од
штетници, кора од лимон, портокал,
банана, измет од луѓе, кучиња и
мачки, детергенти и други средства за
хигиена, расцветан плевел, лекови и
остатоци од пестициди.
Не треба да употребуваме заболени
растенија кои се нападнати од
штетници, кора од лимон, портокал,
банана, измет од луѓе, кучиња и
мачки, детергенти и други средства за
хигиена, расцветан плевел, лекови и
остатоци од пестициди.



ДЕПОНИИ
Депониите со своите исцедоци ги
загадуваат подземните и
површинските води. Како загадувачи
од отпадните исцедоци се јавуваат
растворите на органските материи
како што се алкохоли, киселини,
алдехиди и шеќери, потоа
неорганските макрокомпоненти –
магнезиум, натриум, калиум,
амониум, железо, манган,
алуминиум, хлориди, сулфати,
водород карбонат, како и тешките
метали: кадмиум, хром, жива, бакар,
олово, никел и цинк.


Тука се и ксенобиотични органски
соединенија (XOCs) како што
халогенирани органски соединенија
со потекло од домаќинствата или
индустриските хемикалии. Овие
соединенија вклучуваат и различни
ароматични јаглеводороди, феноли,
хлорирани алифатски соединенија,
пестициди и пластификатори.


Потрошените батерии и
акумулатори, измешани со
комуналниот отпад на депониите
низ државава претставуваат
сериозна закана за здравјето на
луѓето и за животната средина,
поради тешките отровни материи
што ги содржат.
Потрошените батерии и
акумулатори, измешани со
комуналниот отпад на депониите
низ државава претставуваат
сериозна закана за здравјето на
луѓето и за животната средина,
поради тешките отровни материи
што ги содржат.


Несоодветно третирани, отпадните
батерии и акумулатори не́ трујат
со олово, жива, арсен и кадмиум,
бидејќи овие опасни материи
истекуваат во почвата и
подземните води.


Кадмиумот од една
батерија на мобилен
телефон загадува
600.000 литри вода.
1 грам жива
загадува 400 литри
вода. Затоа тие не
треба да се фрлаат
заедно со другиот,
комунален отпад,
туку со нив да се
постапува според
строго утврдена
процедура.


Почнувајќи од 2010 година,
во Македонија на сила е Законот за
управување со батерии и акумулатори и
отпадни батерии и акумулатори, според
кој „Забрането е отпадните батерии и
акумулатори да се оставаат или
предаваат на места означени за
собирање и селектирање на комунален
отпад од домаќинствата или на друг вид
отпад“.


Законот се однесува на батерии
(сите батерии, батериски пакувања,
батерии во форма на копче,
автомобилски батерии,
индустриски батерии) или
акумулатори, без разлика на
нивната форма, зафатнина,
тежина, материјалот од кој се
составени или намена за
користење.


Македонија годишно собира над
300 тони отпадни батерии и
акумулатори, што претставува
многу мал процент од сите
батерии и акумулатори што се
пуштени на пазар.



Треба да внимаваме и старите
акумулатори да ги однесеме кај
трговците што имаат дозвола за откуп
и постапување со отпадни батерии и ќе
добиете попуст на цената на новиот
акумулатор. Малите батерии никогаш
да ги фрлате на исто место со
комуналниот отпад и така да им
направите пат до депониите, односно
да им дадете директна можност за
загадување на почвата и водата.

Погрижете се вашите батерии да
не влијаат врз животната средина
со штетната жива така што ќе
изберете батерии со сребрен
оксид без жива или литиум-
мангански батерии. Избирањето
на производи без жива може да ја
намали годишната употреба на
жива за 470 килограми.


Употребувајте батерии на полнење
и заштедете енергија (на пример
повеќенаменските батерии се идеална
еколошка алтернатива за
конвенционалните алкални батерии –
со нивната употреба драстично се
намалува бројот на фрлени алкални
батерии).



Денешните научници
работат на усовршувањето на Био-
батерии кои кои генерираат
електрична струја со користење
ензими за кршење јаглехидрати,
во форма на глукоза. Овие батерии
ја применуваат вродената
способност на организмите да
добиваат енергија од хранливи
материи, кои, наместо да
бидат искористени за животни
активности, се користат за
создавање електрична енергија.


РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДОЦИ

Рециклирањето вклучува повеќе
фази како што се: собирање на
отпадоците, сепарација, преработка
и производство на нови производи
од веќе искористени предмети и
материјали. Најважно е да се
направи правилна поделба на
отпадот и да се селектираат
пооделно. Без рециклирањето на
отпадот во секојдневниот живот,
без доволната грижа што оставаме
зад себе и околу себе, тешко може
да се замисли процесот на
управување со отпад.



Многу материјали можат да се
рециклираат, односно сите
материјали што во својот состав
имаат хартија, стакло, картон,
алуминиум, железо, керамика,
пластика (полимерни материјали),
алуминиум идр.




ХАРТИЈА
Хартијата ја добиваме со
преработка на дрвата со помош на
различни хемиски средства и при
тој процес доаѓа до уништување на
големи шумски површини и
загадување на околината.







Собирањето на старата хартија и
нејзино рециклирање придонесува
за помала штета врз животната
средина, голема заштеда на
енергија во однос на добивање на
хартија од дрво, многу помала
потрошувачка на вода во однос на
добивање на хартија од дрво, брз
и едноставен начин на доаѓање до
хартија за повторна употреба.


Најраспространет начин за
рециклирање на карон и хартија е
ставање на хартијата и картонот во
големи буриња со вода во кои се
мешаат. Со ова мешање се
раздвојуваат влакната со што
хартијата брзо се разложува.
Влакната впиваат вода и се претвораат
во голема смеса на разводенети влакна.
Сите нехартиени елементи испловуваат
на површина ако се полесни или
потонуваат на дното, ако се потешки,
така да можат лесно да се отстранат.
Овој процес трае релативно кратко
20 - 30 минути.


Издвоените влакна можат да се
употребат за производство за
весници, хартиени кеси, хартиени
марамчиња, ребраст картон за кутии,
амбалажа за јајца и др. Сите видови
на тетратки, испишани листови на
хартија, списанија, постери и флаери,
хартија за копирање во боја, пликоа,
картонски кутии, картони за
завиткување, кеси, тефтери и сета
амбалажа од купените производи во
малопродажба и големопродажба
можат да се рециклираат.




Со собрање на стара хартија
спречуваме уништување и сечење на
дрвата и трошиме многу помалку вода.
Некои податоци велат дека со
рециклирање на еден тон канцелариска
хартија, спасуваме 17 стебла на дрва,
штедиме 4200 kW енергија и 32000
литри вода. Со селектирање на
хартијата од стаклото, пластиката,
металот, органскиот отпад и
депонирање во посебни контејнери и
канти кои се наменети за хартија ќе
придонесеме хартијата да заврши на
рециклирање наместо во депонија.


You've previewed 48 of 74 pages.
To read more:
Click Sign Up (Free)- Full access to our public library
- Save favorite books
- Interact with authors




Општина Центар Скопје
Аида Петровска
This book was created and published on StoryJumper™
©2015 StoryJumper, Inc. All rights reserved.
Publish your own children's book:
www.storyjumper.com








Mесец октомври е месец за
управувањето со отпад, неговата
реупотреба, рециклирање,
селектирање, компостирање.
- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(1)
-
COMMENT()
-
SHARE
-
SAVE
- DOWNLOAD
- LIKE (1)
- COMMENT ()
- SHARE
- SAVE
- Report
-
LIKE(1)
-
COMMENT()
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem
COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!