Почитуван патрону наш!
Ние учениците од IV3 одд. сме среќни што нашето училиште твоето име го носи.
Вредно чекориме по стапките твои, го следиме патот што ни го покажа и кон успехот што не води!
Горди следбеници твои сме ние,
го почитуваме, негуваме и продолжуваме делото твое!
Денес на одбележувањето на 99 годишнината од твоето раѓање ние за тебе твориме.
Пееме за тебе, ги рецитираме твоите песни, сликаме, твориме, те славиме. Делото твое вечно ќе сјае затоа што ти си личност што не извиши сите нас највисоко на македонската иднина!
„Блаже Конески е роден во село Небрегово, прилепско. Тука го поминал детството. Ова е неговиот прв дом.“
Јована Андоноска
„Куќата негова и денес стои, потсетник и спомен за дните минати в село, за изворот на инспирација за богатото творештво„
Марија Михајлоска
„Со гордост ги читам твоите дела!“
Матеа Миленкоска
„Најубавата песна, ја читам и читам... Таа е потсетник за тешкото минато и вербата во посветла иднина„
Матеј Пуличоски
„Денес, 99 години од раѓањето твое, со гордост го славиме името твое„
Анастасија Ангелеска
„Ропството, маките и страдањата да престанат, да се разбуди борбата и копнежот по слободата“
Дарија Глигоровска
„Тажната судбина на македонската везилка исткаена од срцето на поетот„
Андреа Андрееска
„Расказите твои, секогаш во срцето. Со малку зборови, многу ни кажа.“
Михаил Вршкоски
Со твојата „Везилка“, цвет навезив! Го везев со букви, го обоив со љубов!
Илина Пашоска
„Дете заспано крај езеро, милувано од звукот на брановите. Нежност и топлина се точи од твоите стихови мили„
Ана Дамевска
„Ликот твој светол, најубав украс на училиштето мое!“
Кети Кукуноска
Ликот и делото твое, ѕвезда водилка се за нас, учениците твои„
Михаил Ѓорѓијоски
„Твоите стихови врдни, ги извезив со моиве раце! Вечно да се паметат и пеат, поету наш голем„
Александар Ангелески
Моето сакано училиште, твоето име го носи. Должност чувствувам кон тебе, по патот твој да одам“
Стефан Ивановиќ
„Песна за тебе створив! Напишана со моиве мали раце, со голема љубов и почит! Вечна да е славата на твоето големо дело, великану наш славен„
Марија Нечкоска
Почитуван патрону наш!
Ние учениците од IV3 одд. сме среќни што нашето училиште твоето име го носи.
Вредно чекориме по стапките твои, го следиме патот што ни го покажа и кон успехот што не води!
Горди следбеници твои сме ние,
го почитуваме, негуваме и продолжуваме делото твое!
Денес на одбележувањето на 99 годишнината од твоето раѓање ние за тебе твориме.
Пееме за тебе, ги рецитираме твоите песни, сликаме, твориме, те славиме. Делото твое вечно ќе сјае затоа што ти си личност што не извиши сите нас највисоко на македонската иднина!
- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE
-
COMMENT()
-
SHARE
-
BUY THIS BOOK
(from $3.59+) -
BUY THIS BOOK
(from $3.59+) - DOWNLOAD
- LIKE
- COMMENT ()
- SHARE
- Report
-
BUY
-
LIKE
-
COMMENT()
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem
COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!